Марш на црвените чадори: Бараме декриминализација на сексуалната работа

од Nikola Popovski

Сексуалните работници и работнички, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нивните поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини, во рамки на овогодинешната кампања, во Скопје го одржуваат четиринаесетиот по ред Марш на црвените чадори.

-На улица сме по повод оддбележувањето на 17-ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството на сексуалните работници. Ја потсетуваме јавноста и испраќаме порака до институциите дека и ние сме дел од ова општество и треба да ги уживаме нашите човечки и работнички права, како и сите граѓани. Не треба да заборавиме на потребата на најранливите. Нашата заедница како една од најмаргинализираните, исклучена од владините мерки за помош и од институциите, е овде со цел да ја истакне потребата од итно донесување на нови правни рамки за регулирање на сексуалната работа. Бараме декриминализација на сексуалната работа, изјави една од сексуалните работнички на маршот.

Слични содржини