МАСАКР ВО ВИРЏИНИЈА: Менаџер на маркет пукал во вработените? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во масовно пукање кое се случи во стоковната куќа „Волмарт“ во американската сојузна држава Вирџинија, неколку лица се убиени и ранети.

Според првите резултати од истрагата, менаџерот на маркетот најверојатно ги застрелал вработените. Засега се верува дека целиот инцидент се случил внатре во продавницата, меѓутоа полицијата соопшти дека телото на едно лице е пронајдено пред продавницата, пишува Би-Би-Си.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на истрагата.

Во масовното пукање загинаа најмалку десет лица, меѓу кои и напаѓачот, но се уште не се знае дали тој се самоубил или бил елиминиран од полицијата.

Се уште не е познат мотивот за нападот.

Локалните медиуми пренесоа дека најмалку пет лица се хоспитализирани, но се уште не се знае колку луѓе се повредени и убиени.

Сенаторката од државата Вирџинија, Луиз Лукас, изјави дека ѝ е многу тешко поради се што се случило.

„Нема да мирувам додека не најдеме решенија за ставање крај на оваа епидемија на насилство во нашата земја“, напиша таа на својот Твитер профил.

Да потсетиме, пред неколку дена имаше масовно пукање во ноќен клуб во Колорадо, кога беа убиени пет лица, а 17 беа ранети.

Слични содржини