Маск е „Technoking of Tesla“

од Vladimir Zorba

Елон Маск, по којзнае кој пат, покажа дека тој е сè, освен обичен директор.

Покрај неговото име, технолошкиот магнат го запиша „Technoking of Tesla“ како функција при поднесување на нова апликација до американската Комисија за хартии од вредност (SEC), а финансискиот директор на Tesla, Зак Киркхорн ја доби титулата „Coin Master“.

Се разбира, двајцата се единствените во светот кои имаат такви позиции во компанијата – на крајот на краиштата, тие ги измислија за себе. Иако невообичаени, овие имиња можеби не се толку неочекувани со оглед на моменталниот ентузијазам на Маск за криптовалутите.

За потсетување, на почетокот на февруари, Tesla купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а Маск потоа објави план за „стекнување и поседување дигитални средства на долг рок“, што може, во одреден момент, да отвори простор за купување производи на Tesla со криптовалути.

Покрај биткоинот, Маск во последно време често зборуваше и за „неконвенционални“ криптовалути како што е Dodgecoin, создадена од познатo мемe со куче. За него, Маск објави дека e „народна криптовалута“, зголемувајќи ја нејзината вредност со тој твит.

Слични содржини