Маск гради нова фабрика, но овој пат не станува збор за Тесла: Што ни подготвува американскиот милијардер?

од Nikola Popovski

Спејс-Икс гради нова фабрика во Тексас за своите сателити „Старлинк“, соопшти компанијата, што потврдува дека нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск продолжува да вложува во оваа американска сојузна држава.

Маск, кој раководи и со неколку други „футуристички“ компании , како „Тесла“, „Неуралинк“ и „Боринг ко.“, во декември се пресели од Калифорнија во Тексас, за да им се посвети на новите погони, наменети, меѓу другото, и за производство на електрични автомобили.

Маск вчера на Твитер објави дека „го создава градот Старбејз, Тексас“, без дополнително објаснување. „Сарлинк“, инаку, планира мрежа од десетици илјади сателити во ниската орбита на Земјата, за да се обезбеди побрз интернет насекаде низ светот.

Извршниот директор на „Тесла“ претходно изјави дека „Старлинк“, засега со седиште во Редмонд, Вашингтон, САД, ќе биде клучен извор на финансирање за пошироките планови, како што е развој на ракета „Старшип“, за лет до Месечината и на крајот – обид за испраќање луѓе на Марс.

Слични содржини