Маск повлекол милијарда долари од SpaceX кога го купувал Twitter

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот милијардер Елон Маск повлекол заем од една милијарда долари од неговата ракетна компанија SpaceX околу времето кога го купил Twitter, сега платформа X, за 44 милијарди долари, објави „Волстрит џрнал“.

SpaceX одобрил заем од една милијарда долари во октомври минатата година врз основа на акциите на Маск во компанијата, а тој ги повлекол сите средства истиот месец, пишува весникот, повикувајќи се на документи.

Маск ја презеде сопственоста на Twitter минатиот октомври.

Маск е најголемиот акционер на SpaceX со 42 отсто од акциите, објави весникот, повикувајќи се на поднесок до Федералната комисија за комуникации.

Како што беше наведено, компанијата SpaceX имала на располагање 4,7 милијарди долари во готовина и хартии од вредност на крајот на минатата година.

Маск продаде огромен дел од своите акции во неговата компанија за електрични возила Тесла во 2022 година, пред и по договорот за купување на Twitter, а тие продажби изнесуваа околу 40 милијарди долари, што ги фрустрира инвеститорите, објави „Ројтерс“.

Слични содржини