Масовни протести низ Шпанија поради договорот со Каталонците (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Стотици илјади луѓе се собрале денеска во градовите низ Шпанија за да протестираат против договорот на социјалистите и каталонските партии за помилување на учесниците во неуспешниот обид за отцепување на Каталонија.

Најголемиот протест бил организиран во Мадрид на плоштадот Пуерта дел Сол, каде лидерот на Народната партија (ПП) Алберто Нуњез Феихо го обвини вршителот на должноста премиер Педро Санчез дека „ја купил функцијата премиер во замена за амнестијата на неговите партнери платена од даноците на Шпанците“, пренесува Ел Паис.

„Нема да молчиме додека не се одржат избори“, рколе Феихо.

Според полицијата, во Мадрид се собрале околу 80.000 луѓе, додека ПП тврди дека на улиците на шпанската престолнина има околу 500.000 демонстранти.

Насобраните носеле транспаренти со пораки како „Шпанската демократија е во опасност“. Протести се одржуваат и во Барселона и Севиља, каде се собрале неколку илјади луѓе.

Шпанската социјалистичка партија на почетокот на неделава постигнала договор со каталонската партија „Hunts“ за помилување на луѓето кои учествуваа во неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година.

„Ова е политички договор и договор за амнестија“, рекол социјалистичкиот пратеник Сантос Сердан.

За возврат, каталонската партија се согласила да го поддржи Санчез во формирањето на новата влада. На парламентарните избори во Шпанија најмногу гласови доби Народната партија која обезбеди 137 од вкупно 350 мандати, но и со поддршка на крајнодесничарската партија Вокс го нема потребното мнозинство за формирање влада.

Социјалистичката партија на Санчез освои 121 мандат и со поддршка на партиите од Каталонија ќе може да формира владејачка коалиција.

Слични содржини