Масовно труење во Албанија, 500 граѓани побарале лекарска помош

од Milan1

Лекарска помош во градската болница побарале 500 лица од сите возрасни категории, поради масовното труење од водата за пиење во Круја, пренесува „Ора њуз“.

Лекарите за телевизијата изјавиле дека граѓаните на кои им била укажана прва помош се вратиле во своите домови. Истиот извор наведува дека новиот водовод во Круја чинел 376 милиони леки, а бил пуштен во употреба од страна на премиерот Еди Рама во март годинава, само еден месец пред изборите.

Во врска со овој настан синоќа со соопштение реагираше „Водовод Круја“ во кое се наведува дека како последица на обилните врнежи од дожд во саботата попладне (23 октомври) и во раните утрински часови во неделата дошло до контаминација на водата за пиење каде што има присуство на амонијак над претходно констатираното ниво.

Слични содржини