Маврово и Ростуше бара да се прогласи кризна состојба поради зголеменото присуство на мечки

од Nikola Popovski
705 прегледи

Врз основа на донесениот заклучок на вонредна седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата поднела информација со барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше. Ова е побарано откако во последните шест месеци е евидентирано зголемено присуство на кафената мечка на територијата на општината.

Оттаму велат дека ги презеле сите активности и мерки кои се во своја надлежност, се со цел да ги заштитат своите граѓани. Евидентирано е присуство на 160 до 180 животни од овој вид.

-Исто така ги повикуваме Министерството за Животна Срдина и Просторно планирање, Министертвото за Земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции кои се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање на истиот, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани, бараат од општината.

-Кризната состојба ќе се побара со цел преземање на дополнителни мерки за заштита на населението, заштита на животот и имотот, а со тоа и обезбедување на уставно загарантираното право на секој граѓанин за безбедно, слободно и непречено движење и живеење на територија на целата држава, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Националниот парк „Маврово“.

Слични содржини