МБА: Картичките VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија

од Nikola Popovski

Членките на Македонската банкарска асоцијација информираат дека во моментот картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни во земјава– на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација, соопштуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Слични содржини