Мбапе за трансферот: Не сум одлучил, се појавија нови работи

од Vladimir Zorba

Се чинеше дека се е решено, но …

Со месеци се шпекулира дека целата работа е завршена, но се чини дека Килијан Мбапе не одлучил дали кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Блесна во победата на Пари Сен Жермен над Лориен со 5:1 откако постигна два гола со три асистенции.

Напаѓачката тортура на ривалот ја заврши Нејмар со два, а Лионел Меси со еден гол.

По натпреварот Французинот беше во еуфорија.

„Дали ова е прв пат сите тројца да дадеме гол? Веројатно не е последен. Чест ми е што играм со Меси“, изјави францускиот напаѓач, а на многумина им звучеше дека можеби ја променил одлуката за трансферот.

Токму затоа и беше следното прашање, а фановите слушнаа малку поинаков одговор од претходните месеци.

„Сè уште не сум одлучил. Да донесов одлука, ќе им ја објавев на сите. Сепак, не … Се уште одлучувам. Ќе изберам што е најдобро за мене, некои нови работи се појавија. Има ли можност да останам во ПСЖ? Да, секако!“

Од минатата година Мбапе одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, иако добивал понуди да добива дури и повеќе од милион евра неделно. Сепак, ќе биде интересно да се види на кои работи алудираше Французинот и што всушност се променило.

Слични содржини