Мецола: Мора да ја вратиме довербата во работата на ЕП по „Катаргејт“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска изјави дека Европскиот парламент ќе мора да се реформира, односно да се зајакне независноста, интегритетот и одговорноста, за да се врати довербата во процесот на одлучување во ЕП.

Таа на отворањето на расправата во ЕП рече дека ова е почеток на широки реформи, а во однос на корупцискиот скандал т.н. „Катаргејт“ што ја погоди таа институција.

Паралелно со расправата, оваа недела пратениците ќе избираат и нов потпретседател откако грчката социјалистка Ева Каили, која од 9 декември минатата година се наоѓа во превентивен притвор како дел од „Катаргејт“, беше сменета од функцијата на претходното заседавање.

Слични содржини