Медведев: Молдавија повеќе не постои

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Димитриј Медведев реагираше на одлуката на Молдавија да ги забрани посетите на официјални претставници на руската држава, велејќи дека таква земја „повеќе не постои“.

„Мистериозното суштество по име Речан (премиерот на Молдавија Дорин Речан, забелешка на уредникот) изјави дека ниту претседателот на Русија, ниту руските официјални лица нема да можат да влезат во неговата земја – Молдавија. Како прво, никој не планира да оди таму во моментов. Можеби подоцна. И второ, таква земја повеќе не постои“, напиша поранешниот руски претседател на Телеграм.

Според него, локалните лидери ја „продале Молдавија на Романија“, па, како што рече, нема смисла да се разговара со нив.

„Локалните владетели ја продадоа на Романија и со тоа станаа предавници на својата татковина. И нема смисла да разговараме со нив за ништо. Нека се справи народот со нив. И конечно нека одлучат кои се – Молдавци или Романци“, напиша Медведев.

Републичките власти неодамна составија список на функционери од Русија на кои им е забранет влез во Молдавија, но не ги открија имињата.

Слични содржини