Медведев: Поместете ги границите на заканите за Русија што подалеку

од Radmila Tasevska

Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес по повод годишнината од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина изјави дека победата на Русија ќе биде остварена.

„Ќе ги вратиме нашите територии и сигурно ќе го заштитиме нашиот народ кој страдаше во годините на геноцид и гранатирање“, напиша Медведев на Телеграм.

Според неговото мислење, ќе следат преговори во кои нема да се носат одлуки во име на Киев, како што наведе, „некој Зеленски, ако биде сè уште жив“, туку „оние преку океанот во чии раце се снабдувањето со оружје на Киев и распределбата на пари за одржување на остатоците од украинската економија“.

Слични содржини