Медведев: За Бајден победа значи Украина да постои на светската мапа

од Stefanija Kuzmanovska

Најновите изјави на претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден, кои ги даде при посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, значат дека победата на САД е зачувување на таа земја на мапата на светот, не е важно во кои граници, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Според Бајден, ‘победа’ сега значи дека ‘земјата’ ќе остане, нема да исчезне од светската мапа. Границите и суверенитетот немаат значење. На пример, ќе се зачува во границите на Лавов“, напиша Медведев на социјалните мрежи.

Тој укажа на зборовите на Бајден дека Украина „денес може да се заштити себеси“.

„Нема никакви офанзиви, нема напредок и не е важно какви се последиците“, заклучи Медведев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во САД каде се сретна со американскиот лидер Џозеф Бајден. Американскиот претседател потпиша указ за доделување на нов пакет помош за Киев во износ од 200 милиони долари.

Слични содржини