Меган донесе важна одлука за раѓањето на нејзината ќерка!

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл наскоро ќе го роди своето второ дете. По малиот Арчи, принцот Хари и Меган ќе добијат уште едно бебе на почетокот на летото, девојче, како што ексклузивно открија во интервјуто за Опра Винфри.

Во пресрет на нејзиното раѓање, поранешната актерка донесе важна одлука. Имено, Меган ќе го роди девојчето во нејзиниот дом во Калифорнија, а не во болница. Второто дете на принцот Хари и Меган Маркл треба да се роди во нивната вила во Монтесито.

Војвотката од Сасекс веќе некое време се подготвува за породување дома и се надева дека сè ќе оди како што треба. Фантазирала да се породи дома уште за време на бременоста со Арчи, веќе го пронашла персоналот што ќе ја породи, но на крајот поради страв од можни компликации, таа е пренесена во лондонската болница Портланд, каде Арчи е роден пред скоро две години.

– Нејзиниот план беше со Арчи да се породи дома, но знаете што велат за плановите. На крајот, лекарите ја советувале да оди во болница, а единствено што и било важно е што сè поминало добро со породувањето. Но, сега таа има прекрасен дом во Калифорнија кој е идеален за доаѓањето и раѓањето на нејзиното девојче – изјави извор близок до парот.

При првото раѓање, принцот Хари бил цело време со неа, а тој и овојпат треба да биде со неговата сопруга, додека таа ќе се породи во нивниот дом. За среќа, нивната куќа, во случај на непредвидени ситуации, се наоѓа во близина на болница, која е прогласена за една од најдобрите во Америка.

Слични содржини