МЕГАН МАРКЛ ВО ЦЕНТАР НА ИСТРАГА: „Тоа не е дозволено во Бакингемската палата!“

од Nikola Popovski

Бакингемската палата објави дека ќе започне истрага за наводите на британскиот весник „Тајмс“ за тоа како Меган Маркл „малтретираше некои вработени членови пред таа и британскиот принц Хари да ги напуштат кралските должности“.

Било најавено дека тимот за човечки ресурси детално ќе испита сè, како и дека ќе бидат испрашани лицата кои биле вработени во тоа време.

„Во Бакингемската палата не е дозволено злоупотреба или вознемирување на работното место“, се вели во соопштението.

Патем, целата приказна започна со пишувањата на „Тајмс“ за тоа како, наводно, Меган Маркл „избркала“ двајца вработени со своето однесување, како и дека „ја потценила довербата“ на друга вработена.

Тие не наведоа конкретен извор, односно се повикаа на доверливост, додека портпаролот на војвотката од Сасекс ги отфрли сите овие обвинувања, пренесува Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, принцот Хари и Меган Маркл ќе зборуваат за сè што е поврзано со кралското семејство во деталното интервју со американската водителка Опра Винфри, кое ќе се емитува во недела.

Слични содржини