Мек колач со гриз и вишни од компот

од desk2

Колач со вишни – брз и лесен, а многу сочен и вкусен.

СОСТОЈКИ:
5 јајца
10 лажици шеќер
150 гр растопен маргарин
10 лажици мед
150 гр брашно
150 гр гриз
1 прашок за печиво
1 тегла компот од вишни (може и свежи од замрзнувач)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца, постепено додајте шеќер и продолжете со матење додека јајца не станат светли. Потоа додајте ги останатите состојки, измешајте и половина од тестото и ставете во подготвена тепсија. Печете околу 10 минути, не подолго, па наредете вишни и остатокот од тестото. Вратете во рерна да се допече, од прилика уште 15 минути.
Прелијте го врелиот колач со зготвен сок од вишни од теглата. Посипете со шеќер во прав или шлаг и уживајте во вкусниот колач.
Уживајте!

Слични содржини