Мекгрегор ќе се бори во УФЦ на 18 јануари во Лас Вегас

од Vladimir Zorba

Ирскиот борец Конор Мекгрегор денеска во Москва одржа прес-конференција на која соопшти дека се враќа во УФЦ.

Мекгрегор соопшти дека е „целосно концентриран“ на враќањето во октагон за борбата на 18 јануари во Лас Вегас.

„Тоа е мојата борба на која се враќам во октагонот. Zа 12 недели од оваа сабота. Во одлична форма сум. Договорив датум со УФЦ и не ми е грижа кој ќе ми биде противник“, изјави Мекгрегор.

Тој ја заврши кариерата пред седум месеци, а не се бореше од октомври минатата година, кога на настанот „УФЦ 229“ загуби од Хабиб Нурмагомедов.

Слични содржини