МекГрегор три пати тестиран за допинг во 2024 година

од Vladimir Zorba

„Drug Free Sports“, новата анти-допинг агенција која работи со елитниот ММА синџир UFC, објави дека поранешниот шампион на организацијата во две дивизии Конор Мекгрегор бил тестиран три пати во последните два месеци.

Ова го прави Ирецот најпроверуван борец во УФЦ во 2024 година, иако се уште нема закажана борба. Дури и шампионот на синџирот и поранешен шампион во средна категорија Драјкус Ду Плесис и Шон Стрикленд биле тестирани само двапати.

Во информацијата на „Drug Free Sports“ не беше објавено какви се резултатите од тестовите на МекГрегор.

Во новогодишната порака, нокаут-артистот од Даблин рече дека ќе се бори со Мајкл Чендлер на 29 јуни, но таквата борба не е официјално потврдена од УФЦ.

Слични содржини