Мексиканската армија пристигна во Хуарез по нападот на затворот и убивањето на 19 луѓе

од Radmila Tasevska

Министерството за одбрана на Мексико соопшти дека околу 200 војници биле испратени во северниот град Хуарез за да се борат против бандите на организираниот криминал по нападот на затвор во тој град, при што загинаа 19 лица.

Соопштено е и дека властите го отпуштиле директорот на затворот од кој избегале најмалку 30 затвореници, меѓу кои и водачот на картел Ернесто Алфредо Пинон де ла Круз, попознат како „Ел Нето“, пренесува Ројтерс.

Државните обвинители во пограничната држава Чивава соопштија дека шефот на затворот Хуарез, Алехандро Алварадо, бил отпуштен и дека е под истрага за можна улога во нападот во затворот.

Слични содржини