Мектиќ: Ако Додик не се појави пред Обвинителството може да биде приведен од СИПА

од Vladimir Zorba
131 прегледи

 

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ вечерва изјави дека доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик не се појави пред Обвинителството, можно е да издаде наредба за присилно приведување.specijalci-sipa-policija

– Ако не се појави, а причината за непојавувањето биде неоправдана, се издава наредба за присилно приведување. Тука Законот за кривична постапка е многу јасен, никој нема право да не одговори на поканата од Судот или Обвинителството, изјави Мектиќ за ТВ1.

Тој додаде дека Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) е одговорна за евентуално присилно приведување.

Претходно, Обвинителството соопшти дека Додик е повикан да сведочи во предметот што се однесува на неизвршување на Одлуката на Уставниот суд на БиХ поврзан со референдумот за Денот на РС

Слични содржини