Mел Б во врска со фризер

од desk4

Мел Б, наводно е во врска со Рори Мекфи, кој работи како фризер. Поранешната Спајс девојка, според информациите, веќе две години е во врска со 31годишниот фризер, со помали прекини. Мел се појави јавно со Рори, кого го запозна преку нејзиниот братучед Кристијан Кук, кога го однесе како свој партнер, на свадба кај еден пријател.

– Мел и Рори се пријатели со години, а љубовта меѓу нив заискри пред две години, но не сакаа јавно да ја откриваат врската. На венчавката изгледаа многу среќно и вљубено. Таа сака сериозна врска со него, така што не ги брза работите, туку остава нештата да се движат полека и без големо внимание од медиумите – тврди нејзин пријател и додава дека и двајцата се среќни што се заедно.
Минатиот месец Мел при едно гостување во телевизиско шоу изјави дека по разводот од сопругот Стивен Белафонте во 2017 година е сама, но според истиот извор, таа не ја открила врската со Рори бидејќи сака да го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста.
Рори одлично се согласува и со трите ќерки на Мел – Феникс (20) која ја има од првиот брак со Џими Гулзар, Ејнџел (12) од врската со Еди Марфи и Медисон (8) со Стивен.

Слични содржини