Австралија опен го нападна Ѓоковиќ поради руски знамиња и поддршка за Путин

од Radmila Tasevska

Новак Ѓоковиќ со убедливата победа против Андреј Рубљов обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија опен, а по натпреварот имаше големо славење на навивачите.

Меѓу нив имаше и неколку навивачи со руски знамиња и ликот на Владимир Путин со симболот „З“ на нивните маици, што е заштитен знак на руската армија.

Срѓан Ѓоковиќ се сликал со нив и извикал „да живее Русија“. Следуваше хистеричен напад во западните медиуми, а организаторите излегоа со соопштение бидејќи влезот на руски знамиња и симболи е строго забранет поради воената акција во Украина.

„Мала група навивачи направи проблеми со нелегалните знамиња. Ќе се соочат со последиците. Играчите и нивните тимови се предупредуваат за политиката на знамето на турнирот и за секоја ситуација во која тие прават фаули. Ќе продолжиме да работиме со безбедносните и државните структури“, се вели во соопштението на Австралија Опен.

Споменатите навивачи се приведени и исфрлени од комплексот.

Директорот на турнирот Крег Тајли, кој се бореше за доаѓањето на Новак Ѓоковиќ на овогодишниот Австралија опен, одлучи дека нема да има санкции за Срѓан Ѓоковиќ.

Украинскиот амбасадор во Австралија, Васил Мирошниченко, реагираше на настаните во арената Род Лејвер.

„Целосен пакет. Меѓу српските знамиња има руско, Путин, буквата З и пеење проруски песни. Срамота“.

Слични содржини