Меркел до Германците: Не толерирајте омраза (ВИДЕО)

од Milan1

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел синоќа ги повика Германците да не толеририаат омраза.

„Нашата демократија живее со фактот дека секаде каде што омразата и насилството се гледаат како легитимно средство за остварување на нечии интереси, нашата толеранција како демократи мора да има граница“, рече Меркел на прошталната церемонија во Берлин на која присуствуваа сите членови на политичката елита, освен радикалната Алтернативи за Германија која не беше поканета.

Канцеларската функција ќе ја напушти по 16 години владеење, следната недела, кога социјалдемократот Олаф Шолц ќе положи заклетва. Таа нему и на новата влада им посака „се најдобро, среќа и многу успех“.

Свеченоста се одржа во германското Министерство за одбрана поради пандемијата на коронавирусот, а воениот оркестар отсвири три песни по свој избор во чест на канцеларката.

Слични содржини