Меркел: Сеќавањето на милиони жртви на нацизмот е наша одговорност

од Vladimir Zorba

На денешен ден во 1945 година, безусловната капитулација на Германија ја заврши Втората светска војна во Европа и по тој повод германската канцеларка Ангела Меркел рече дека „трајна одговорност“ на Германија е да го зачува споменот на милиони луѓе кои ги загубија своите животи во текот на годините на „национал-социјалистичката тиранија“.

Според портпаролот на германската влада, Стефан Зајберт, на Твитер, Меркел посочила дека 8 мај 1945 година е „ден на ослободување“ што значеше крај на нацистичката диктатура и „крах на цивилизацијата што беше Шоа“ (Холокауст).

„Останува наша трајна одговорност да го одржуваме споменот на милиони луѓе кои ги загубија своите животи во текот на годините на тиранијата на националсоцијалистите“, рече Зајберт, цитирајќи ја Меркел.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас им се заблагодари на милиони луѓе кои, како што истакна, ги ризикуваа своите животи и се жртвуваа за да го ослободат светот од фашизмот, но тој истакна дека фашизмот и денес е присутен, пренесе Танјуг.

„За жал, идејата за фашизам сè уште не е целосно искоренета“, рече Мас на Твитер.

Слични содржини