Мерките ќе се олабавуваат од 21 јануари: Подолго работно време за кафеаните

од Берта Китинска

Угостителскиот сектор од почеток на пандемијата се соочи со голем број на рестриктивни мерки со ограничување на работното време, забрана за жива музика, за организирање на прослави, забави, свадби и слично.

-Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а сите останати мерки продолжуваат на сила. Согласно проценката на епидемиолошката состојба, ќе го разгледаме и барањето на угостителите за работа до 23:00 часот. Работното време до 18:00 часот го ограничивме поради спречување на натамошното ширење на КОВИД-19 вирусот во текот на празниците. Апелирам до сите мерките да се почитуваат, вели министерот Филипче.

По одлуката на здравствените власти, угостителите бурно реагираа. Од Независната угостителска комора предлагаат да се донесе унифициран протокол за сите угостителски објекти и не гледаат причина зошто не работат и до 01 часот.

Согласно последна одлука на Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, рестораните и кафулињата по 21 јануари, наместо до 18, ќе можат да работат до 21 часот.

Слични содржини