Меси и Суарез го испратија Интер Мајами во четвртфиналето на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ

од Vladimir Zorba

Лионел Меси постигна гол и асистираше во победата на Интер Мајами над Нешвил со 3-1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ.

Веќе во 8. минута Меси му додаде на Луис Суарез кој го постигна првиот гол на натпреварот, а на средината на полувремето Меси постигна втор гол за својот тим.

Во 50. минута Лионел Меси беше заменет со Роберт Тејлор, кој самиот погоди во 63. минута за 3:0. Гостите дадоа еден гол на крајот од мечот, што беше дело на Сем Сирџ.

Првата средба заврши нерешено 2:2, што значи дека Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето каде за противник ќе го има победникот од дуелот Монтереј – Синсинати.

Слични содржини