Меси ќе купи голем удел во клубот на Бекам и се подготвува за иден трансфер

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ќе се приклучи на клубот од американската МЛС лига, Интер Мајами во летото 2023 година, објави новинарот на Direct TV Алекс Кандал.

Според изворот, 34-годишниот фудбалер ќе стане и акционер во тимот, откупувајќи 35 отсто од акциите во август.

Меси е на пат да се приклучи на франшизата, која е во сопственост на Дејвид Бекам.

Сепак, напаѓачот следната сезона ќе ја помине во парискиот клуб. Меси дојде во ПСЖ минатото лето. Оваа сезона аргентинскиот фудбалер има 11 голови и 13 асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања.

Договорот меѓу страните истекува на крајот на следната кампања.

Пред парискиот клуб, Меси целата своја кариера настапуваше за Барселона.

Слични содржини