Мицкоски тврди дека Груевски му се извинил на Џафери: „Нема никаков проблем – ме испрска со вода, не со киселина“

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа му порача на својот претходник во партијата и поранешен премиер Никола Груевск, да каже се што има за него.

Според него, обвинувањата и реакциите претставуваат еден вид естрада и побара повеќе да не се зборува на таа тема.

-Нема потреба да продолжуваме со таа естрада, и да ја водиме дебатата. Не знам на што мисли, јавете му се и нека каже се што има. Не знам што има да каже. За мене е тоа затворена работа. Тоа што имав кажав, кажав и во тој статус на Фејсбук. Имам јасна стратегија, имаме работа со криминална влада која треба да си оди, па да направиме влада што ќе спроведува реформи, а тоа што кажал јас навистина не знам, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“.

Мицкоски исто така обелодени дека лицето кое му го давало УСБ-то со наводните измени на Кривичниот законик на претседателот на Собранието Талат Џафери, му пренел и извинување за полевањето со вода од страна на Груевски во Собранието, додека беше лидер на опозицијата.

-Нема никаков проблем, ме испрска со вода, а не со киселина, вели Мицкоски за тоа кој бил одговорот на Џафери. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е „нормално претседателот на Собранието да каже дека ова не е точно“.

Вели дека се ова се прави со цел „со насилен начин се смени Уставот и се прифати бугарскиот диктат“.

Во 2018 година, тогаш во својство на пратеник, Груевски го испрска со вода Џафери, па му ја зема картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од Груевски, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка. Ова се случи откако Џафери ја стави на дневен ред точката за Законот за употреба на јазиците.

Слични содржини