Милевски и официјално нов селектор: Ова не е приватен тим, сите се Македонија

од Nikola Popovski

Фудбалската федерација на Македонија официјално го промовираше Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.

На денешната прес-конференција,претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини во име на „Куќата на фудбалот“ му посака честитки и искрени желби за успех. Првиот човек на македонскиот фудбал истакна дека целите со новиот селектор се пласман на следното Европско првенство 2024 година.

Ти си човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и сигурни сме дека тој пат мора да продолжи, му се обрати Сејдини на Милевски.

Поранешниот селектор на У-21 вети максимална посветеност во мојата работа и професионалност.

-Вреднување на човечките вредности на сите нас. Ќе соработувам со голем број на познати личности. Возбуден сум за тоа. Едвај чекам да се видиме повторно. Сето она кое ни следи за новиот циклус, можам да кажам дека заедничка цел на сите ни е ЕП 2024 година, но во тековните квалификации за СП 2022 во Катар ќе дадеме се што умееме и знаеме за да имаме успешни квалификации и да останеме конкурентни до крајот на циклусот, изјави Милевски.

– Ова не е приватен тим. Сите се Македонија. Сите ќе треба да одговорат на предизвикот.  Дека ќе има измени, ќе има, знаете дека Пандев, Тричковски и Велкоски изразија желба да прекинат со настапите за А-тимот. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за сето она кое го постигнаа. Исто и на мојот претходник Ангеловски за афирмацијата на македонскиот фудбал, дополни Милевски.

Слични содржини