Милков не исклучува ново вето за Македонија

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков синоќа на средба во Брисел ги информирал колегите за претепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков и побарал од нив солидарност по ова прашање.

„Имаме ескалација на тензијата и ескалација на притисокот поврзан со правата на бугарската заедница таму. Тие започнаа со усвојување на законодавна акција против бугарската заедница и нејзиното право на здружување, што покажа консензус меѓу владетелите и опозицијата на антибугарска основа. Потоа следуваше палењето на бугарскиот клуб, за што беше изречена условна казна. Потоа следеа три напади на други клубови и пукање во еден од нив. Виновниците никогаш не беа пронајдени“, изјавил вршителот на должноста министер, цитиран од БНР.

На прашањето дали Бугарија повторно ќе го искористи правото на вето за преговорите на Македонија со ЕУ, Милков одговорил:

„Се зависи од тоа како ќе се одвиваат работите, на прво место оваа работа никогаш не е исклучена, иако правото на вето е како атомско оружје – неговата моќ не треба да се користи, туку да стои како некаква можност да ги натера другите да отстапат, да преговараат, да се дојде до некаков општ консензус. Се надевам дека нема да го искористиме“, порачал шефот на бугарската дипломатија.

Слични содржини