Милошоски за лидерската средба: Кога се организира средба преку медиуми, таа ќе заврши како медиумски настан

од Destan Jonuzi

„Кога се организира средба на лидери преку медиуми, таа ќе заврши како медиумски настан“. Ова е коментарот на пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски за лидерскара средба на парламентарните политички партии.

– Не е случајно одбран денот за лидерската зошто владата знаеше дека Државниот завод за статистика ќе излезе со најновите податоци за растот на инфлацијата. Една од целите на владината пр централа е како да го амортизира овој инфлаторен шок.Денес ние потврдивме дека сме првиот во регионот со највисока инфлација од 20%. Затоа се одбра таквата средба и ќе заврши со изјави кои сме ги слушнале и порано, нагласил меѓудругото Милошоски во своето гостување на емисијата „24 анализаЌ на Тв24.

Слични содржини