Минатата недела 1,9 милиони Американци ги загубија своите работни места

од Stefanija Kuzmanovska

Речиси 1,9 милиони Американци поднесоа барање за помош за невработени, што е доказ дека многу работодавци продолжуваат да отпуштаат работници и покрај постепеното отворање на компании, соопшти денеска Министерството за труд на САД, пренесе „Блиц“.

Вкупниот број на лица кои добиваат помош за невработени во САД се зголеми на 21,5 милиони, што е намалување во однос на скоро 25 милиони, како што беше пред две недели.

Пазарот на трудот се соочува со пад поради пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини