Министерот за финансии на Украина: Целосно ембарго на руската нафта и гас

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот министер за финансии Серхиј Марченко изјави денеска дека сегашните меѓународни санкции против Русија поради војната во Украина не се доволни и повика на целосно ембарго на руската нафта и гас, пренесе „Ројтерс“.

Во меѓувреме, Европската комисија предложи измени на планираното ембарго за руската нафта во обид да ги придобие земјите-членки кои рекоа дека не можат да го поддржат предлогот, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на три неименувани извори од Европската унија.

Изменетиот предлог, за кој разговараа претставниците на ЕУ на состанокот утринава, се обидува да им даде повеќе време на Унгарија, Словачка и Чешка да се прилагодат на ембаргото и да помогнат во подобрувањето на нивната нафтена инфраструктура, изјавија за британската агенција извори од ЕУ.

Слични содржини