Министерство за одбрана на Русија: Употребата на мобилни телефони предизвика смрт на 89 војници во Макиевка

од Radmila Tasevska

Употребата на мобилни телефони меѓу рускиот воен персонал во дострелот на непријателското оружје е главната причина за трагедијата во Макиивка во која загинаа 89 руски војници, изјави за новинарите висок функционер на руската армија, генерал-полковник Сергеј Севрјуков.

„Веќе стана очигледно дека главната причина за трагичниот настан е прекршувањето на забраната и активирањето и масовното користење на личните мобилни телефони на воениот персонал во дострелот на непријателските борбени средства. Тоа му овозможи на непријателот да ги лоцира, утврди насока и координати на војниците да ги извршат нивните ракетни напади“, рече синоќа Севрјуков, првиот заменик началник на Главниот воено-политички оддел на вооружените сили на Русија.

Тој додаде дека се преземаат неопходните мерки за да се избегнат вакви трагични инциденти во иднина, пренесе ТАС С.

Слични содржини