Министерство за транспорт и врски: Делницата Кичево-Охрид ќе биде изградена во најоптимален рок

од Берта Китинска

Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ  во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

-И по неколку години, штетите направени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со лошите проценки, погрешното проектирање и високите договорни цени за автопатот Кичево-Охрид не може да се надоместат.Штетите веќе ги трпат сите граѓани и државата.Апсолутно не се точни тврдењата дека не се работи на изградбата на автопатот.За само две години, процентот на изградба на автопатот се зголеми за околу 40 проценти од основниот договор, што претставува силен прогрес имајќи предвид штетите што беа наследени од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од министерството.

Оттаму додаваат дека  оваа Влада покажала доблест и ги исправила сите грешки направени од лошото менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ со овој проект.

-Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за државни патишта ги изработија сите дополнителни инфраструктурни проекти кои произлегоа од несовесното работење на ВМРО-ДПМНЕ.Истите се одобруваат од Министерството за транспорт и врски и како резултат на оваа посветеност за овој проект отворен е фронт за преку давесет и пет нови позиции за работа.Автопатската делница Кичево-Охрид ќе биде изградена во најоптимлен рок, но оваа Влада по секоја цена нема да прави штетни договори како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ за што сега се водат судски постапки.  ЈП за државни патишта во меѓувреме активно работи на продолжување договорот со Иведувачот, но со договорот мора да бидат заштитени граѓаните, парите на граѓаните и државните интереси, соопштија од министерството.

 

Слични содржини