Мишел: ЕУ не се плаши од руски контрамерки поради планот за замрзнатите руски средства

„Не се плашиме од Русија и затоа донесуваме одлуки да ја поддржиме Украина, да се спротивставиме на Русија и да ја санкционираме“, рече Мишел.

од Бети Божиноска

Европската Унија не се плаши од можни руски контрамерки во врска со плановите за користење на профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Не се плашиме од Русија и затоа донесуваме одлуки да ја поддржиме Украина, да се спротивставиме на Русија и да ја санкционираме“, рече Мишел на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на крајот од самитот на Европскиот совет во Брисел.

Тој додаде дека ЕУ смета дека е праведно овие приходи да се користат за помош на Украина бидејќи, како што наведе, таа земја е „жртва на агресија иницирана од Русија“.

Лидерите на ЕУ синоќа изјавија дека ЕУ може да ги искористи приходите од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во рок од неколку месеци во рамките на планот што вклучува купување оружје за Киев. Лидерите на 27-те земји-членки на блокот се договорија на состанокот во Брисел да продолжат да работат на планот што неделава го презентираше Европската комисија.

Слични содржини