„Мислев дека ќе умрам“: Професорот од серијата La casa de papel победил тумор на 33 години

од Stefanija Kuzmanovska

Алваро Морте се прослави со улогата на професорот во серијата „La casa de Papel“.

Пред да ја добие главната улога во оваа серија, тој играше во помалку познати шпански теленовели. Иако ја освои светската публика со улогата на професорот, малку се знае за неговиот приватен живот.

Имено, тој веќе подолго време е во брак со стилистката Бланка Клемент, со која ги има близначките Леона и Јулија.

Сепак, не било сè толку одлично во неговиот живот. На Алваро на 33 години му бил дијагностициран тумор на левата надколеница, а после тоа поминал низ долг процес на опоравување.

Како што рекол, мислел дека тоа се последните денови од неговиот живот.

„Отпрвин мислев дека ќе умрам, дека ногата ќе ми биде исечена, но ништо не се случи. Тогаш помислив, ако умрам во рок од три месеци, дали можам да го направам тоа мирно? Дали ги почитував луѓето околу мене кои ме сакаат? Дали бев верен на моите принципи?“, пренесува indianexpress.com.

Слични содржини