Мистериозна смрт на манекенката Ивана: Пронајдена мртва на тераса по забава, била целосно гола

од desk2

Младата манекенка, 18-годишната Ивана Смит, била пронајдена мртва на балкон на шестиот кат од зграда во Куала Лумпур. Странските медиуми јавуваат дека Ивана најверојатно паднала од 20. кат по една забава. Локалната полиција ја третира смртта како несреќен случај, иако членовите на семејството на холандската манекенка инсистираат на истрага.

Дедото на Ивана, Фредрик, не верува дека Ивана паднала од 20. кат.

“Пронајдена е гола. Каде и се чевлите и облеката? Веруваме дека постојат криминални елементи во смртта на Ивана. Секако дека не веруваме во приказната на полицијата, бидејќи не можат да ни дадат ни фотографии ни извештај од настанот”, изјавил Фредрик кој во целиот случај ја вклучил и холандската амбасада, но и Интерпол.

Непосредно пред трагедијата соседите наводно слушнале расправија која доаѓала од станот во кој била Ивана, а според полицискиот извештај во нејзината крв биле пронајдени алкохол и екстази.

Ивана работела за бројни познати брендови меѓу кои и Шанел. Пред 13 години од Холандија се доселила во Малезија и пред неа имало одлична кариера, која за жал била прекината од страшната трагедија.

Слични содржини