Митева: Платите во образованието до 2028 ќе пораснат минимум 46%

од Nikola Popovski
25 прегледи

Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %, изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.

Како што изјави Митева на прес-конференција, Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.

-Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот, кажа портпаролката.

Вработените во основното и средното образование од октомври ќе земаат поголема плата за 5%, информираа пред два дена од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Владата, по одржаната средба на која беше постигнат договорот.

За 7 години 17.000 деца помалку во училиштата, a 3.000 наставници повеќе. Поразителна статистика и со знаењето на македонските ученици на тестирањата. Според Јаневска на децата имаат 900 часови помалку во наставата, а со знаењето се зад нивните врсници од европските држави. Јаневска планира воведување и на целодневна настава.

Светска банка заедно со Министерството ќе анализираат каде ќе треба да се изградат нови објекти, за во сите училишта да биде воведена една смена.

Слични содржини