Митрески: Имаме мерки од 400 милиони евра кои ќе бидат спроведени

од Nikola Popovski

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески повтори дека ваквата кризна состојба во однос на економијата е насекаде. Тој на собраниската седница објави фотографии од бензиските пумпи низ европските земји.

-Амстерда, Бугарија, Нови Сад, Хрватска, хаос на бензиските, Шпанија, редици колони… Знаете која е причината. Секаде е оваа криза, рече Митрески обраќајки се до пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Тој повика да се прифати пакетот мерки донесен од Владата.

-Имаме мерки од 400 милиони евра кои ќе бидат спроведени. Нема никаква лага. Ги замрзнавме маржите и се грижиме за граѓаните и фирмите. Во оваа битка за нив сме сите заедно и не е време за ниски и евтини трикови и игри, порача Митрески.

Во Собранието се уште трае седницата, на која на дневен ред се две точки, измени во законот за ДДВ и во законот за акцизи, кои се дел од пакетот од 26 мерки кои што владата ги донесе заедно со коморите, заедно со синдикатите и потрошувачите

Слични содржини