Мицкоски бара Османи да каже колку пари потрошил Бучковски патувајќи во Бугарија

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва уште еднаш повтори дека неговата партија нема да прифати договор со Бугарија, кој според него, „ќе значи било какво начнување повторно на македонскиот идентитет“.

-5+1, 6-2, 12+3 или како сакате наречете ги тие иницијативи, тоа е парадата позади завесата, приличен јасен бев, стои документ кој што тие го нарекуваат Резолуција на бугарскиот парламент. Тоа е основата, тоа е суштината на проблемот. Овие инцијативи 5+1, 2+3, 3-1, ако сакате да бидеме наивни или да се правиме наивни тогаш да веруваме. Тоа е фолклор, суштината е позади завесата, тоа е Резолуцијата која ја имаат склопено во парламентот, истакна Мицкоски во интервју за Македонско радио.

Мицкоски побара од шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи да информира колку пари потрошил специјалниот преставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

-Османи добро е да каже колку пари народни пари потроши Бучковски патувајќи наваму, натаму изминатава година, затоа што очигледно е дека тие патувања претставуваат мини екскурзии во Бугарија без никаков бенефит за граѓаните, појасни Мицкоски.

Мицкоски истo така ги обвинува Павле Трајанов, Љупчо Георгиевски, Горан Милевски, Маја Морачанин и останатите „како не можат да видат дека тие не поддржуваат Влада во која што мнозински партнер е нивната коалиција, туку поддржуваат Влада на Али Ахмети и ДУИ“.

-Колку подолго ја поддржуваат таа Влада, толку повеќе Македонија ќе губи. Затоа што ткивото внатре е разјадено, затоа што системот ни е на колена. Ќе ни требаат можеби години да повторно дојдеме на нулта позиција. Толку ли не разбираат дека државата е во слободен пад. Дека функционирањето на државата како никогаш до сега не е доведена во оваа состојба, нагласи Мицкоски.

Слични содржини