Мицкоски: Џафери направи трајна штета со отфрлањето на иницијативата

од Nikola Popovski

Талат Џафери го окупирање правниот поредок и пресуди. Претпоставувам така му е кажано затоа што ваквиот начин на однесување носи поени кај некои негови поддржувачи, но не сфаќа дека направил трајна штета. Можеби некоја следна генерација ќе го користи ова како правило. Тој со суспендирањето на правниот поредок покажа дека оваа коалиција треба да замине и затоа бараме предвремени избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после отфрлањето на иницијативата за референдум за поништување на Договорот со Бугарија од страна на спикерот Талат Џафери.

Мицкоски смета дека формулацијата на референдумското прашање не е спорна.

-Катализиравме едно прашање и донесовме заклучок дека е во ингеренција на Собранието. Суштината е дека се исплашија од успешен референдум. Со тоа тие ќе беа целосно делигитимирани. Ние го меревме јавното мислење, правевме анкети. Собравме доволно потписи, формиравме иницијатива и очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат сериозни во однесувањето и да не бидат налутено дете кое му ја земале топката. Џафери направи преседан. Сега јас би сакал некој да ја праша меѓународната заедница дали се согласува со ваквото однесување на Талат Џафери? Дали е ова демократски?, праша Мицкоски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Слични содржини