Мицкоски се сретна со Рот: „Народот бара надеж, потребни се избори“

од Nikola Popovski

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг Михаил Рот.

Мицкоски се заблагодарил за помошта која до сега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.

Toj истакнал дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа.

Мицкоски додал дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички.

Мицкоски истакнал и дека народот бара надеж, и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително беше истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.

Слични содржини