Мицкоски се сретна со Вучиќ: „Мини шенген“ не смее да се гледа како алтернатива на ЕУ

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека денеска бил во посета на Белград, каде се сретнал со српскиот претседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ.

На средбата се разговараше за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани.

„ Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите“, истакна Мицкоски посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Вучиќ дал поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген” која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.

Слични содржини