Mицкоски со ултиматум до Заев

од Берта Китинска

Прецизен ќе бидам како и секогаш, до 14:30 ќе ја поднесеме процедурата и ќе ја отпочнеме процедурата за гласање на доверба на оваа Влада предводена од Зоран Заев, доколку претходно не си го исполни даденото ветување, а тоа е да даде неотповиклива оставка, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски ги отфрли како шпекулативни информациите дека одредени пратеници може да се повлечат од потписите дадени за уривање на Владата. Според Деловникот на Собранието, за предлогот за гласање недоверба на Владата се одлучува на пленарна седница третиот ден по доставување до Собранието.

Слични содржини