Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал“, во интервју за „Утрински брифинг“ ја анализираше состојбата во економијата, од аспект на пандемијата и фактот дека Македонија 70 отсто од својот БДП го остварува преку стоковата размена со светот.

Според Мизо, кризата во автомобилската индустрија започнала пред девет недели.

-Не работиме континуирано 7 дена во неделата три смени, туку пет дена, две смени по шест работни часа. Отпуштања нема да има. Без разлика дали работниците се на определено или неопределено време. Ќе дојде и времето кога ќе треба да се вратиме во целосно производство. Според мене основно сега е да си ја задржиме работна сила, бидејќи досега имаме вложено многу во нивните капацитети и знаења. Ако сега ги отпуштиме кој ќе ни гарантира дека по три или шест месеци тие се уште ќе бидат присутни на пазарот на труд или дека ние ќе ги донесеме кај нас. Можеби ќе отидат во друга компанија. Така што задржување на вработените во овој момент е многу важно иако ова се трошоци за нас како компании, порача Мизо.

Слични содржини