МКЦ: Богоев е сменет зошто не сакаше да го вработи Бени Шаќири, на негово место доаѓа дипломиран детектив

од Nikola Popovski

Од Младинскиот културен центар (МКЦ) вчера бил сменет директорот на институцијата поради партиски мегдан.

-Постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција, информираат од Програмскиот колегиум на МКЦ.

Додаваат дека годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ.

-Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ. Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата, стои во соопштението од МКЦ.

Во соопштението што утринава го испратија од Градот Скопје се додава дека е разрешен и досегашниот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), Ванчо Богоев, а на негово место ќе дојде нов кој ќе биде избран по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Слични содржини