Млад македонски тенисер ја воодушеви публиката на Вимблдон (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Младиот тенисер од Македонија, Калин Ивановски, имаше спектакуларен потег на Вимблдон. Тој успеа да се пласира во третото коло на Грен слемот на тревна подлога во јуниорска конкуренција и тоа го направи на фантастичен начин.

Тој лесно го совлада мексиканскиот тенисер Пачеко Мендез со резултат 6:2, 6:1.

Сепак, повеќе и од самата победа, во центарот на вниманието се најде негов потег.

Калин во стилот на Ник Киргиос под рака сервираше ас кој противникот не можеше да го стигне.

Слични содржини