МојДДВ: Прагот зголемен од 1,800 на 2,100 денари

од Vladimir Zorba

Денеска парламентот ги донесе измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица.

Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година.

Слични содржини